Јужниот и југозападниот дел на Германија, како и поголеми делови на Австрија се погодени од силно невреме и обилни врнежи од дожд коишто предизвикуваа бројни излевања на реките и потоците, како и метеж во сообраќајот поради паднати гранки на патиштата и железничките пруги.
Реката Мосел, чие ниво на вода е еден метар под критичното ниво, се заканува да го поплави познатиот вински регион Мосел. На автопатот А8 пред Улм се случиле серија сообраќајни несреќи, а во Баварија ураганот предизвика застој во сообраќајот.
Во Австрија, над 11.000 домаќинства останале без струја поради оштетените високонапонски врски. Многу автопати, особено во пограничната област кон Германија, се затворени поради излевање на потоци и реки.