Поранешни и сегашни припадници на војската, преку отворено писмо го предупредија францускиот претседател, Емануел Макрон, за закана од граѓанска војна.
Во колумна објавена во десничарски весник на 60-годишнината од неуспешниот пуч, припадници на војската порачаа дека претседателот на Франција не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите. Во него се повикува армијата да изврши воен удар со цел да се спречи граѓанска војна во Франција.
Околу илјада војници, вклучително и околу 20 пензионирани генерали и 80 други поранешни високи офицери се потпишани во писмото.
Писмото беше остро осудено од владата на Макрон. Министерката за одбрана, Флоранс Парли, побара потписниците на писмото да бидат казнети.