Вселенскиот патријарх Вартоломеј е хоспитализиран во Вашингтон, на првиот ден од планираната дванаесетдневна посета на САД, соопшти Грчката православна архиепископија на Америка.
Архиепископијата објави дека патријархот Вартоломеј се подготвувал да оди на богослужба во црквата Света Софија во Вашингтон, кога се разболел поради долгото лето и густиот распоред на обврски што ги имал при пристигнувањето.
„Неговиот лекар го советуваше да мирува и како мерка на претпазливост беше пренесен на преглед во универзитетската болница Џорџ Вашингтон“, се вели во соопштението.
81-годишниот Вартоломеј требаше да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Покрај закажаните состаноци со највисоките американски претставници, Вартоломеј треба свечено да ги „отвори вратите“ на Грчката православна црква и националниот храм Свети Никола во Њујорк, кој беше изграден наместо парохиската црква уништена на 11 септември 2001 година во нападот врз Светскиот трговски центар.
Тој првично требаше да ги посети Соединетите Американски Држави во мај 2020 година на покана на тогашниот државен секретар Мајк Помпео, но неговото патување беше одложено поради пандемијата од Ковид-19.