Најмалку десет лица загинаа во вооружен напад во покраината Замфара, северна Нигерија, јави МИА.
Портпаролот на полицијата во Замфара, Мохамед Шех изјави дека вооружениот напад го извршиле непознати лица кои на мопед пристигнале во селото Кваре.
– Во нападот убиени се најмалку 10 луѓе, а повредени се повеќе лица – посочи Шех.
По нападот во селото Кваре распоредени се припадници на нигериските безбедносни сили.
Во неколку нигериски региони чести се судирите помеѓу племињата за контрола на земјиштето. Голем број жители од околните села поради судирите беа принудени да ги напуштат своите домови.