Вооружен маж држи најмалку осум лица како заложници во филијала на „Уникредит“ банка во чешкиот град Прибрам, информира МИА.
Според дел од чешките медиуми, мажот прво земал девет заложници, но во меѓувреме еден ослободил.
Вооруженото лице тврди дека нема намера никого да повреди.
На местото на инцидентот има полициски единици и преговарач, но се уште не е познато дали вооружениот маж има какви било барања.
Според некои локални медиуми полицијата веќе влегла во банката и се слушначе експлозии.