Израел бомбардираше цели во Појасот Газа како одговор на балоните лансирани од палестинската енклава, соопшти израелската војска. Немаше информации за жртви или за причинета штета од воздушните удари чија цел било упориште на Хамас.
По прекинот на огнот во мај, со кое беше ставен крај на 11-дневниот конфликт помеѓу Израел и Хамас, палестинците во Газа спорадично лансираа балони исполнети со запаливи материјали преку границата, предизвикувајќи пожари во Израел. Палестинците велат дека балоните треба да извршат притисок врз Израел за попуштање на рестрикциите врз Појасот Газа кои беа засилени за време на конфликтот во мај.
Балоните испратени вчера предизвикаа барем четири пожари во области во близина на границата помеѓу Израел и Газа. Израелската армија соопшти дека воздушните удари се одговор на постојаното лансирање на запаливи балони од Газа кон Изреаел во текот на денот.
Пожарите долж границата избија вчера додека Израел размени оган и преку северната граница со Либан, со Хезболах, во конфликтот кое трае три дена. Израелската артилерија стрелаше кон Либан по ракетниот бараж од Либан во северен Израел. Хезболах ја има поддршката од Иран со што последните тензии предизвикаа страв за проширување на конфликтот во регионот.