Руската војска почна голема воена вежба, која има за цел да ја провери подготвеноста на воружените сили да одговорат на евентуални безбедносни закани.
Податоците на Министерството за одбрана укажуваат дека на вежбите учествуваат 150.000 војници, 500 авиони и 20.000 возила.
Според зборовите на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, вежбите ќе ја проверат подготвеноста на војската да ја одржи безбедноста во централна Азија која, како што рече, се соочува со сериозни терористички закани, пренесе „АП“.
Шојгу наведе дека вежбата ќе биде одржана на 35 полигони.
Руските функционери се загрижени од можноста за ширење на екстремистите од Авганистан во поранешните советски републики во централна Азија.