Новата воена Влада во Мјанмар ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повици за граѓанска непослушност, по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.
Мобилниот оператор Теленор Мјанмар преку соопштение потврди дека мобилните оператори и интернет-провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.
Компанијата „Фејсбук“ исто така ја потврди таа информација.
Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај, во знак на протест против преземањето на власта од страна на армијата. Ова е прв протест откако армијата ја презеде власта во понеделникот.