Во Шпанија една постара жена почина, 56 луѓе се хоспитализирани и десетици други се заболени од најголемото досега жариште на листерија во земјата, јави „Ројтерс“.
-Објавена е тревога за целата држава заради листеријата која, најверојатно, ги инфицирала заболените по консумирање пакувано свинско месо од фирма во Севиља, изјави Марија Луиса Карседо, министерка за здравство на Шпанија.
„Ја следиме ситуацијата, наредивме целата стока на фирмата произведена од мај досега да биде запрена за продажба“, додаде таа.
Најголемиот број од вкупно 114 случаи се во Андалиузија, јужна Шпанија, но има случаи и од Мадрид до Тенерифе.