Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, изјави дека мерките кои владата ги предложи во текот на неделава, вклучително и повлекувањето на контроверзниот закон за екстрадиција, се прв чекор во решавањето на политичките превирања во овој посебен кинески административен регион. Сепак, таа не очекува кризата веднаш да се разреши, пренесе „Ројтерс“.
Лам неделава го повлече законот за екстрадиција како една од четирите мерки за смирување на демонстрантите, кои, сепак, ваквиот чекот го оценија како задоцнет.
Во меѓувреме, Хонгконг се подготвуваат нови демонстрации на локации како што се метро станици недалеку од владините згради.
Исто така, демонстрантите се закануваат дека викендов ќе го прекинат сообраќајот кон аеродромот.