Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Флорида пред доаѓањето на ураганот „Доријан“.
Трамп предупреди дека ураганот би можел да биде апсолутно чудовиште.
Претседателот на САД им нареди на федералните органи на САД да им помогнат на локалните власти на Флорида во одбрана од ураганот.
Tрамп го откажа патувањето во Полска закажано за викендов за да остане во Вашингтон и да ја следи ситуацијата со ураганот.