Турските безбедносни сили уапсиле 30 странци поради сомневање дека се поврзани со терористичката група „Исламска држава“, јавија локалните медиуми.
Антитерористичката операција била спроведена во седум области во Истанбул.
Кај уапсените бил пронајден пропаганден материјал и документи за активноста на групата во дигитална форма и на хартија.
Според полицијата, која не соопштува од кои земји се странците, уапсените планирале да извршат напади во Истанбул.