Најмалку 150 лица загинаа во жестоките судири меѓу провладините сили и шиитските бунтовници во Јемен во изминатите денови, соопштија денеска официјални претставници.
Владините сили се обидуваат да ги преземат од бунтовниците областите долж Западниот брег, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија ги гаѓаат позициите на бунтовниците во северозападна провинција Сада.
Најмалку четири цивили загинаа, а десетици беа повредени во воздушниот напад на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија во главниот град на Јемен, соопштија официјални претставници на јеменските безбедносни сили.
Јемен три години е во војна со шиитските бунтовници Хути, кои контролираат значителен дел од северен Јемен и Сана.
Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија води војна против Хутите, со цел враќање на власт на меѓународно признаената влада.