Делови на САД до крајот на неделава ќе бидат зафатени со могу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите.
Најстудено ќе биде денеска, а Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот, јави Би-Би-Си, додавајќи дека волку ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.
Исклучително ниски температури ќе почувствуваат најмалку 55 милиони луѓе.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните додека престојуваат на отворено да не вдишуват длабоко и да не зборуваат многу.
Во северозападиот дел на САД се затворени илјадници училишта.
Американскиот метеоролошки завод објави дека и само 10 минути престој на волку студено време би можело да доведе до сериозни смрзнатици.
По овој повод се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека на „преубавиот Среднен запад“, температурите достигнуваат и до минус 60 степени и оти луѓето не можат да издржат надвор ниту неколку минути.
In the beautiful Midwest, windchill temperatures are reaching minus 60 degrees, the coldest ever recorded. In coming days, expected to get even colder. People can’t last outside even for minutes. What the hell is going on with Global Waming? Please come back fast, we need you!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 29, 2019
– Што по ѓаволите, се случи со глобалното затоплување ? Те молам врати се брзо, ни требаш !, напиша Трамп на Твитер.