Триесет и четири лица, меѓу кои 12 полицајци, се повредени во судирите помеѓу полицијата и п риврзаници на независноста на Каталонија, кои денеска ги блокираа главните сообраќајници – автопатишта, улици и железнички пруги ширум тој шпански регион.
Регионалната полиција во Барселона соопшти дека привела четири лица кои пружале отпор кога полицијата се обидела да ги растера групите демонстранти.
Генералниот штрајк го организираа синдикати и студентски здруженија, кои бараат независност за Каталонија.
Тие бараат и подобра социјална политика, вклучувајќи 35-часовна работна недела и зголемување на минималната плата, но протестите дополнително се предизвикани од незадоволството кон централната власт поради судењето на лидерите на каталонските сепаратисти.
Резултатите од последните анкети покажуваат дека 7,5 милиони жители на Каталонија се поделени во однос на прашањето за отцепување од Шпанија.