Улиците на Париз и Брисел денеска се затворени за автомобили и моторцикли по повод четвртиот по ред „Ден без автомобили“.
Во Париз денеска од 11 до 18 часот, по локално време, улиците се резервирани само за пешаци и за возила наменети само за итни случаи. И на таксистите им е дозволено да возат, но си ограничена брзина од 30 километри на час. Во периферијата на Париз сообраќајот се одвива нормално.
Целта на мерката е јавниот простор да се направи помалку загаден, попријатен и помирен.
Градоначалниците на Париз и Брисел, Ан Идалбо и Филип Клоз вчера предложија да биде воведен и европски ден без автомобили еднаш годишно.