Околу 2.400 лица учествуваа на протестите во Минск, од кои 25 беа уапсени, соопшти денеска полицијата во Минск.
– Група демонстранти маршираа по Булеварот на независноста во Минск, а потоа им се придружија и одреден број луѓе, што не надминуваше 2.400 – соопшти полицијата, пренесе ТАСС.
Во понеделникот вечерта, група од 25 лица се собрала пред медицинскиот факултет.
– Демонстрантите немаа право да се соберат таму и беа предупредени дека го кршат законот, поради што беа уапсени – потенцира полицијата.
Протестите во Минск се одржуваат затоа што демонстрантите сметаат дека резултатите од претседателските избори се наместени.