Џихадисти поврзани со Ал Каеда убиле 10, а повредиле најмалку 25 припадници на мировна мисија на ОН во северниот дел на Мали, соопштија ОН.
Станува збор за еден од најсмртоносните напади врз припадници на мировна мисија на ОН во последните неколку месеци.
Сите припадници на мировната мисија на ОН, кои биле убиени во напад врз нивниот камп во село во северениот дел на Мали, биле од Чад, стои во соопштение на портпаролот на генералниот секретар на ОН.
Тој остро го осуди нападот, истакнувајќи дека тоа би можело да претставува воено злосторство.
Во соопштението се наведува и дека припадниците на мисијата на ОН силно одговориле на нападот и убиле неколку напаѓачи.