Ирачките власти уапсија пет команданти на Исламската држава откако ирачките разузнавачки служби ги намамиле да ја преминат границата од соседна Сирија.
-Станува збор за пет команданти кои се меѓу „најбараните лидери“ на оваа екстремистичка организација – јави ирачката државна телевизија.
Тие се идентификувани како Садам ал Џамел, Мохамед ал Кадир, Исмаил ел Еитави, Омар ал Карбули и Есам ал Завбаи, а сите се прикажани во жолти затворски униформи.
Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади минатиот месец изјави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ против екстремистите кои се наоѓаат во Сирија.