Одметнатиот либиски генерал Халифа Хафтар сметаше на поддршката на Египет од почнувањето на офанзивата врз Триполи во април минатата година, додека соседите на запад – Алжир и Тунис, се одлучија на поинаква стратегија. Тие две држави заземаа строга неутралност во либискиот конфликт што трае безмалку една деценија, противејќи се на странското мешање, пишува „Ал џезира“.
Но, Тунис и Алжир стравуваат оти долгата битка за Триполи би можела да предизвика нестабилност во регионот.
– Ако Хафтар ја пробие блокадата и влезе во Триполи, тоа ќе принуди голем број на цивили да избегаат во Тунис и ќе предизвика нестабилност. Тоа ќе биде кошмар – вели аналитичарот Карим Мегран.
Ескалирањето на конфликот не може да се случи без Тунис и Алжир, и покрај тоа што во битката за Триполи се вклучија голем број на странски платеници.
– Алжирската војска со својата моќ ќе ги спречи странските сили да почнат големи воени операции во Либија – алжирскиот безбедносен експерт Акрам Кариф.