Русија со проект за биолошка безбедност
Климатските промени можат да предизвикаат нова смртоносна пандемија затоа што топењето на мразот на Арктикот овозможува древните вируси и бактерии да се ослободат од мразот замрзнат пред милион години.
Рускиот дипломат Николај Корчунов рече дека руската влада предлага проект за биолошка безбедност на Арктикот за светот да се заштити од неочекувана опасност која може да надојде од мразот што се топи.
– Постои ризик старите вируси и бактерии да се разбудат. Поради тоа Русија почна проект за биобезбедност – вели Корчунов.
Големото подрачје на руска територија се состои од голема површина мраз, кој датира уште од ледената доба.
Сергеј Давидов, истражувач од Североисточната и експериментална руска академија на науки, предупредува дека мразот брзо се топи.
– Ова истражување го правиме уште од 1990 година. На пример, концентрацијата на јаглероден диоксид во атмосферата е порасната од 360 на 410. Количината на метан во атмосферата е значајно зголемена. Темепратурата е зголемена за еден, а во некои области и за два степена, во рок од само една деценија – вели Давидов.
Тој предупредува дека температурите ќе го стопат мразот и со тоа ќе се ослободат древни вируси, кои постоеле уште пред времето да еволуира човекот.