Во Богородичната црква во Париз, викендов првпат ќе се одржи миса по големиот пожар што го зафати верскиот објект на 15 април.
Како што јавија медиумите, мисата ќе се случува в сабота, а бројот на присутните ќе биде ограничен поради безбедносни мерки.
Ќе присуствуваат околу дваесетина лица, меѓу кои свештеници од катедралата.
Според пишувањата, од мисата ќе биде емитуван телевизиски пренос.