Најмалку пет лица загинаа, а околу 40 се повредени кога автомобил влета во божиќна парада во градот Вокиша, во американската сојузна држава Висконсин.
Возилото удрило во повеќе од 20 луѓе.
Началникот на полицијата Ден Томсон изјави дека лицето кое се смета за одговорно е во притвор, додека возилото по инцидентот е пронајдено на 32 километри западно од Милвоки.
Некои од повредените се деца, а има и неколку смртни случаи како последица на овој инцидент – изјави Томсон за новинарите.
Тој изјави дека еден полицаец пукал во возилото.