До крајот на 2014 година, Авганистанците ќе бидат целосно одговорни за безбедноста на нивната земја, кажа Барак Обама во 2012 година.
Веднаш треба да си одиме од Авганистан. Нема повеќе американски жртви, напиша Доналд Трамп на Твитер во 2013 година.
Ќе се повлечеме од Авганистан, мора тоа да го направиме, истакна кандидатот за претседател на внатрепартиската дебата на демократите, Пит Батигиг, пред неколку дена.
Во последните седум години, претседател, иден претседател и кандидат за претседател ја прифатија истата цел на САД, повлекување од Авганистан. Сепак, војната продолжува. Демократите на нивната внатрепартиска дебата се судрија околу, како што велат политичарите во земјата, најдолгата американска војна, иако Авганистан 20 години се соочува со експлозии на автомобили-бомби, воздушни и самоубиствени напади и слично, пишува „Атлантик“.
Сегашната политика на Вашингтон во однос на ова прашање ја рефлектира неодлучноста на повеќе последователни преседатели кои ветија дека ќе се повлечат од Авганистан, а потоа стравуваа од последиците на овој чекор. Државниот секретар Мајк Помпео јавно кажа дека очекува САД целосно ќе се повлече од земјата на Блискиот Исток до претседателските избори во 2020 година, но се уште нема конкретен план и временска рамка за овој чекор.
Во меѓувреме, претседателот и оние кое се надеваат дека ќе го заменат се соочуваат до дилема која трае веќе две декади: задоволување на јавноста која веќе е уморна од војна со потенцијално ризикување на животите на десетици илјади американски и авганистански животи за мали приодобивки и ризикување на милијарди американски долари.
– Можеби Трамп ќе го одржи ветувањето за повлекување на американските трупи од Авганистан и ќе биде задоволен да ги остави Авганистанците да се соочат со последиците. Доколку не се случи тоа, и демократ победи на изборите во 2020 година, со војната во Авганистан ќе мора да се правува веќе четврти американски претседател. Новиот претседател ќе мора да балансира меѓу одговорноста пред граѓаните и „долговите“ кон земјата врз која САД извршија инвазија и ветија дека повторно ќе ја изградат. Досега, и двете ветувања константно беа прекршувани, а луѓето во Авганистан ја плаќаа највисоката цена – завршуваат од „Атлантик“.