Стотици граѓани на Венецуела вчера ги пробија барикадите поставени долж границата со Колумбија, соопшти Канцеларијата за миграција во Богота.
Оттаму соопштија дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе биде одговорен доколку се појават какви било проблеми.
Мадуро во петокот постави блокади на мостовите кои ги спојуваат Колумбија и Венецуела со цел да ги спречи обидите за стотици тони хуманитарна помош да влезат во неговата земја. Потоа, граѓани на Венецуела минуваа преку реката Тахира за да стасаат до колмбискиот град Кукута, во потрага по храна, лекови и работни места. Но, поради обилните врнежи во изминатите денови вече не е можно да се премине реката.