Венецуела засилува свое присуство на границата со Колумбија по убиството на тројца војници во текот на викендот, изјави министерот за одбрана Владимир Падрино.
Засега не е познато колку војници се испратени на границата.
Во нападот што се случи за време на викендот повредени се и десет венецуелски војници. Падрино смета дека тој напад е одмазда затоа што Венецуелските власти уапсија девет припадници од колумбиска паравоена формација.