Велика Британија ќе воведе гранични контроли со Европската унија во неколку фази од 1 јануари.
Владата во Лондон објави дека ова е со цел да им даде на компаниите погодени од кризата со коронавирусот повеќе време за пополнување формулари и да плаќаат даноци.
Претходно, Велика Британија соопшти дека планира да воведе контроли на увоз на стоки од ЕУ на граница, веднаш по завршувањето на транзицијата на 31 декември.