Холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнстин (66) се изјасни за невин во врска со обвинувањата за силување и сексуален напад, пред судот во Њујорк, пренесува Би-би-си.
Тој се соочува со максимална затворска казна од 25 години, ако биде осуден за кое било од обвинувањата, кои се поврзани со две жени.
Вајнстин и претходно, преку својот адвокат, порача оти никогаш немал сексуален однос без взаемна согласност со партнерките.
Повеќе од 70 жени го обвинуваат Вајнстин за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години. Продуцентот се соочува со дополнителни истраги во Лос Анџелес, Лондон, како од страна на федералните власти во САД.