Бројот на првичните пријави за парична помош поради невработеност оваа недела бил 213 илјади и се намалил на три илјади во споредба со бројот на пријавите од претходната недела, соопшти американското Министерство за труд.
Аналитичарите, напротив, сметаа дека овој број ќе се зголеми до 219 илјади.
Бројот на пријавите за невработени во САД во изминатите четири недели во просек се намалил за илјада неделно до 221 илјада.
Бројот пак на оние кои примаат парична помош поради невработеност во неделата која заврши на 5 јануари пораснал за 18 илјади, во споредба со претходниот период, додека минатата недела се намалил за само три илјади.
Министерството за труд на САД објавува неделен извештај за бројот на првичните пријави за парична помош поради невработеностт. Податоците укажуваат на бројот на луѓе кои за првпат се обратиле за парична помош поради невработеност во период од една недела.