Членовите на владејачката британска Конзервативна партија го завршија гласањето за новиот лидер на партијата и владата, а побеникот во трката помеѓу поранешниот и сегашниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант ќе биде познат утре.
Џонсон, кој своевремено беше и градоначалник на Лондон важи за голем фаворит, а критичарите го осудија неговото ветување дека ќе ја извади Велика Британија од Европската Унија со или без договор.
Победникот в среда ќе ја преземе должноста премиер на Велика Британија.
Неколку членови на владата на Тереза Меј, меѓу кои и министерот за финансии Филип Хамонд, најавија дека ќе поднесат оставка доколку Џонсон стапи на премиерската функција.