Британскиот принц Чарлс се наоѓа во четиридневна пријателска посета во Германија, каде што ќе бидат нагласени блиските релации помеѓу двете земји.
Чарлс допатува во Берлин еден ден откако неговиот најмлад син, принцот Хари, објави дека тој и неговата сопруга го добиле своето прво дете, пренесе АП.
Седумдесетгодишниот наследник на британската круна ќе одржи состанок со германската канцеларка, Ангела Меркел, а нешто подоцна во текот на денот ќе учествува и на церемонијална прослава за раѓањето на неговата мајка, крализата Елизабета Втора.
Се очекува неговата посета да ги истакне врските помеѓу Германија и Британија, која во моментот е во фаза на излез од Европската Унија.