Полицајци од 40 полициски управи во Англија и Велс се враќаат на своите работни задачи, три месеца откако беа испомош на локални власти за одговор на нападот со нервен агенс врз поранешниот руски контрашпион Сергеј Скрипал, и тоа полицијата ја чинело 7,5 милиони фунти.
Тоа денеска го соопшти полициската управа во Вилтшир надлежна за градот Солзбери, каде на 4 март беше извршен напад врз Скрипал и неговата ќерка Јулија.
Началникот на полицијата рече дека тие не би можеле да се справат со кризата по нападот, да не биле 1.230 полицајци од други управи кои помогнале меѓу останатото и со формирање кордони во градот.