Британската опозициска Лабуристичка партија бара да се укинат приватните училишта, за што веќе ќе почне да подготвува и предлог-закон, изјави на собир во Брајтон, Џон Мекдонел, кој се претстави како иден министер за финансии на годишната конференција на лабуристите.
Лабуристите усвоија документ со кој се укинуваат приватните училишта и за нивно интегрирање во јавниот сектор за да се помогне да се разбијат „привилегиите на малубројната елита“.
Околу седум проценти од британските деца се образуваат во приватни училишта, но критичарите велат дека тие доминираат на врвните универзитети и дека се доминантни на високи позиции во политиката, правото, медиумите и бизнисот.