Велика Британија денеска даде „целосна поддршка“ на одлуката на чешката влада да протера 18 руски дипломати, за кои смета дека се членови на разузнавачката служба.
– Велика Британија им дава поддршка на нашите чешки сојузници, кои открија до каде ќе оди ГРУ (руската воена разузнавачка служба) во обидите за извршување опасни и малигни операции, каде што го видовме врвот на моделот на однесување во нападот во Солсбери – напиша британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб на Твитер.
Во Солсбери, во 2018 година, имаше напад врз Сергеј Скрипаљ, поранешен службеник за разузнавање на ГРУ и двоен агент, на кого, според тврдењата на британските власти, двајца агенти на ГРУ му ставиле нервен агенс „новичок“ на рачката на вратата на куќата.
Скрипаљ и неговата ќерка се разболеа, но закрепнаа од нападот.