Сана Мухамад, мајка на пет деца, беше брутално убиена со самострел пред очите на нејзиниот сопруг и деца, додека нејзиното неродено дете се бори за живот, пренесува британски „Индепендент“. Трагичниот настан се случил во неделата наутро во нивниот дом во Илфорд, Источен Лондон.
Докторите извршиле операција со цел да го спасат нејзиното неродено дете, кое засега е во стабилна состојба, но 35-годишната Сана подлегнала на повредите и починала три часа по операцијата.
Осомничениот, за кој се верува дека бил во врска со жртвата, бил уапсен на местото на злосторството.
– Таа беше прекрасна мајка и сопруга, сега моето срце е скршено – рекол нејзиниот сопруг.
Во моментов полицијата не бара други осомничени, но и понатаму собира информации за решавање на случајот.
– Апелирам доколку има очевидци кои биле во областа „Аплгарт Драјв“ да не контактираат со какви било информации, кои може да бидат значајни во истрагата која уште е во тек – изјави Гери Холмс, инспектор во британската полиција.