Најмалку 42 затворенци беа убиени во три различни затвори во главниот град на бразилската сојузна држава Амазон, еден ден откако петнаесетмина ги загубија животите за време на тепачка меѓу затвореници во четврти затвор во истиот град, пренесува „Гардијан“.
Од Агенцијата за државни затвори на Амазон соопштиле дека сите 42 затвореници кои биле пронајдени мртви во Манаус, синоќа, покажале знаци на гушење.
Локалните власти соопштиле дека затворениците започнале меѓусебно да се тепаат уште во неделата, но безбедносните сили успеале да воспостават контрола за 45 минути.
– Разговарав со министерот за правда Сержо Моро, кој веќе испрати тим за интервенција во затворите со цел да ни помогне во овие кризни моменти и да помогне со проблемот со затворите, кој е национален проблем – изјавил гувернерот на Амазон, Вилсон Лима.
За време на немирите во затворскиот комплекс „Маниус Анисио Џобим“ завчера, беа убиени 15 затвореници. Во истиот затвор, пред две години животот го изгубија 56 затвореници поради немири во затворот.