Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон денеска на Твитер напиша дека се одброени деновите на претседателот на Никарагва, Даниел Ортега.
– Режимот на Ортега осуди тројца лидери на фармерите на 550 години затвор поради учество во протестите во 2018 година, кога полициските сили на Ортега убија 300 активисти. Како што претседателот (Доналд) Трамп кажа во понеделникот, деновите на Ортега се одброени и народот на Никарагва набрзо ќе биде слободен, истакна Болтон.
Болтон во ноември минатата година повика на „уривање на тројката на тиранијата“ – Венецуела, Никарагва и Куба, тврдејќи дека земјите претставуваат „одвратна колевка на комунизмот на западната хемисфера“.
САД повеќе пати поддржувале бунтови против левичарските влади во Јужна и во Централна Америка.