Пандемијата на ковид-19 може да биде резултат на истекување на вештачки произведен вирус од воена лабораторија, рече бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за време на разговорот со неговите приврзаници.
Тој исто така рече дека е „лудо“ тоа што државите се повторно заклучени поради спречување на ширење на вториот бран на коронавирусот.
Болсонаро го изјави тоа по повод одлуката на бројни јужноамерикански земји да преземат построги мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот, пренесува „Ројтерс“.
Болсонаро е инаку познат по тоа што ги критикува мерките, вклучително и останување дома и заклучување на земјата.