Најбогатиот човек во Тајван, Тери Гоу, чија компанија е позната по тоа што изработува делови за ајфони, на необичен начин решил да се кандидира за претседател на државата, пренесува Си-ен-ен.
Директорот на мегакомпанијата за електроника „Фокскон“ вчера изјави дека божицата на морето, Мазу, „му рекла да дејствува и да направи нешто добро за луѓето на Тајван“.
– Ако божицата Мазу вели да превземам нешто, тоа не е за да направам повеќе пари или за личен интерес. Јас ќе ја почитувам нејзината желба и ќе се кандидирам – изјавил Гоу за новинарите.
Покрај инспирацијата од таоистичкото божество Мазу, тој бил инспириран и од претседателската кампања на американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 година.
Гоу, чиј бизнис е вреден околу осум милијарди долари, најави дека ќе паузира со обврските од „Фокскон“ доколку биде избран да ја претставува партијата Куоминтанг во претседателската трка в година.
„Фокскон“ е најголемиот светски производител на делови за телефони, главно за „Епл“ и „Хуавеи“. Ако биде избран за партиски кандидат, Гоу ќе се соочи со актуелната претседателка Цаи Инг-вен на изборите кои се закажани за 2020 година.
Доколку биде изгласан и стане претседател, Гоу ќе се соочи со поправањето на односите со Кина, бидејќи кинескиот претседател тврди дека самостојноста на Тајван е „ќорсокак“. Меѓутоа, Тајван има и силни врски со САД, бидејќи е производител за компанијата „Епл“. На остварената средба со американскиот претседател Доналд Трамп, Трамп за Гоу рекол дека го гледа како добар пријател и како еден од најуспешните бизнисмени во светот.
– Иако Гоу има некои недостатоци како кандидат, тој поседува две работи кои се навистина важни во кандидатурата, а тоа се неговата популарноста и финансиите кои ги поседува. Тој, несомнено, има доволно пари да ја финансира својата кампања – вели Маргарет Левис од Универзитетот Сатон Хол во Тајван.
Во борбата за претседателска партиска номинација, Гоу може да се соочи со многу други милијардери и кандидати, вклучувајќи го и Хан Куо-ју, за кого Гоу има високо мислење и изјавил дека тој би бил „одличен претседател“.