Берлин и Атина постигнаа договор со кој Германија може да враќа баратели на азил во Грција, изјави портпарол на германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.
Договорот се однесува на барателите на азил за кои Грција е одговорна, според правилата на Европската унија, имено оние кои дошле првично во Грција пред да дојдат во Германија.
– Договорот е усогласен принципиелно. Има само еден документ за финализирање – рече портпаролот.