Белгиски суд и нареди на Владата да врати во Белгија шест деца на борци на групата „Исламска држава“ и нивните мајки, кои се држат во камп во дел од Сирија кој е под контрола на курдите.
Ова денеска го објави белгиската национална агенција Белга.
Судот пресуди дека Брисел треба да ги преземе сите неопходни мерки за да гарантира дека белгиските државјанки Татјана Вилант (26), Бушара Абуалал (25) и нивните шест деца можат да се вратат во Белгија.
Тоа треба да се случи за 40 дена, бидејќи во спротивно белгиските власти ќе мора да плаќаат казна по 5.000 евра на ден за дете. Максималната казна што може да плати Белгија е еден милион евра.
Владата може да поднесе жалба на одлуката на судот.