Американскиот претседател, Џо Бајден, вели дека пресудата против Ратко Младиќ е историска, наведувајќи дека таа ја зајакнува одлучноста на САД да ги спречат идните злосторства низ целиот свет.
Во соопштението, Бајден додава дека потврдената пресуда со која Младиќ е осуден на доживотен затвор покажува дека оние што сториле ужасни злосторства ќе одговараат.
Тој вели дека трагедијата на жртвите не може да се избрише, но додаде дека се надева дека денешната пресуда им дава одредена утеха на сите ужалени.
– Моите мисли се со преживеаните членови на семејствата на бројните жртви на злосторствата на Младиќ – вели Бајден.