Мишел Барние, европскиот преговарач за Брегзит, изјави дека очекува успешен крај на преговорите во текот на ноември.
– Довербата и единството се суштински принципи во Европската унија, изјави Барние, најавувајќи договор за сите суштински прашања, вклучително и статусот на ирската граница.
Барние учествуваше на Бледскиот стратегиски форум во Словенија, каде се сретнал и со словенечкиот технички премиер Миро Церар.