Баварија планира да употреби свои чартер-летови за депортирање одбиени баратели за азил во време кога се ближат изборите наесен во таа конзервативна јужна германска сојузна држава.
Гувернерот Маркус Седер вели дека тие летови се една од бројните мерки со цел забрзување на процесот за азил што ќе почне од август. Тој изјави дека Баварија ќе направи и седум големи кампови каде барателите на азил ќе мора да живеат додека нивните барања не бидат процесуирани.
Баварија беше главна точка за влез на стотици илјади бегалци кои пристигнаа во Германија откако минаа низ јужна Европа во 2015 и 2016 година.