Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Чешка од идните европски центри нема доброволно да прима ниту бегалци кои имаат право на азил бидејќи бегаат од војна.
– Сигурно нема да примаме бегалци, не гледам причина за тоа. Јас не сум видел никакви бегалци. Кога би бегале од војна, тогаш им треба помош, но тие луѓе планирале надеж во поубав живот. Ако летаат со авион во Триполи за после на шверцерите да им платат за пат со брод, тоа не е нормално и потребно е да се испрати јасен сигнал, изјави Бабиш за чешкиот весник „Млада фронта днес“ во врска со резултатите од минатонеделниот самит на ЕУ.
Тој повтори дека Европската унија на Средоземното Море би требало да го примени австралискиот модел, а на бродовите со мигранти и бегалци да не им ни дозволи да испловат од африканските крајбрежни води.
– Апсурд е кога по Средоземното Море пловат бродови и велат: ние сме тука, сите на палуба. Шверцерските чамци не треба ни да испловат. Ние треба да им помогнеме на луѓето во нивните земји, билатерално да преговараме, на пример, со Нигер, рече Бабиш.