Вршителот на должноста премиер на Чешка, Андреј Бабиш, денеска најави дека чешкиот претседател Милош Земан повторно ќе го именува на премиерската функција, на 6 јуни.
Партијата на Бабиш, Акција на незадоволните граѓани (АНО), на парламентарните избори во октомври минатата година, освои 78 пратеници во 200-члениот чешки Парламент.
Откако ниту една парламентрана партија не сакаше да коалицира со АНО, во јануари годинава Бабиш формираше малцинска Влада, на која не и беше изгласана доверба од страна Парламентот, по што тој поднесе оставка.
Неодамна АНО склучи коалициски договор со Социјалдемократската партија на Чешка (ЧССД), кој треба да треба да биде одобрен на внатрепартиски референдум на социјалдемократите.
Доколку коалицискиот договор биде одобрен, се очекува Парламентот да гласа за доверба на новата влада на Бабиш на 10 јуни.