Епидемија на морбили започна да го тресе северозападот на САД, откако во медиумите се појавија информации дека лицата одговорни за јавното здравство во овој дел на САД не успеваат да се справат зголемениот број на случаји на мали сипаници. Според весникот „Индепендент“, главната причина за епидемијата е погрешната информираност на родителите за вакцините и нивното одбивање да ги вакцинираат децата.
Во регионот на Оргеон во сојузната држава Вашингтон најмалку 35 лица се дијагностицирани со вирусот од 1 јануари, а шпекулира дека има уште 11 нови случаи на високо заразната болест. Најголемиот дел од заболените се деца под 10 години, а поради влошена клиничка слика едно од нив е хоспитализирано.
Здравствените власти во државата предупредија дека причината за епидемијата е ниската вакцинална стапка во тој дел од државата, кој сега е центар на ширење на болеста. Во овој дел од сојузната државата Вашингтон, вакцинирано е само 78 отсто од населението, што е понизок процент од потребниот за да се заштити здравјето на оние со слаб имуинет и на најмладите деца.
Директорот на Центрот за јавно здравје во регионот, лекарот Алан Мелник изјави дека деизформациите кои кружат на социјалните мрежи дека вакцините за морбили предизвикуваат аутизам создаваат сериозни проблеми за глобалниот имунитет на населението.
– Најмногу ме измачува фактот што евентуално некое дете може да го загуби животот во ситуација кога има целосна превентива за болеста. Знам дека сè уште кружат информации дека вакцините за морбили можат да предизвикаат аутизам, што е апсолутно неточно, а истото е и научно докажано – изјави Мелник.
Лекарите од САД потврдија дека 31 од 35-те слица кои се заболени не биле вакцинирани со МРП вакцината, а вакциналниот статус на другите четири лица кои се инфицирани сè уште не е познат.
Пред да се воведе вакцинацијата, од 400 до 500 луѓе годишно во САД го умираа од морбили, 50 илјади беа хоспитализирани, а 4 илјади поради компикации добиваа мозочно отекување кое може да предизвика губење на слухот. Важно е да се напомене дека вакцината за морбили во САД со декади е вклучена во вакциналниот план, а државата во 2000 година објави дека оваа болест целосно е елиминирана на нејзината територија.
Но, морбилите сè уште ги има во неразвиените делови на Африка и Азија и инфицираните луѓе може да го донесат вирусот на друга територија, па така тој брзо да се прошири. Минатата година во САД се идентификувани околу 350 случаи на морбили. Здравствените власти немаат точни информации за тоа каде е започната епидемијата, но се шпекулира дека таа стартувала во градот Портланд.
Бројот на родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца останува низок во САД, иако повеќе истражувањата укажуваат на тоа дека бројката на т.н. „анти-ваксери“ константно се зголемува.
Истражувачите идентификуваа дека постојат различни заедници во САД каде што ризикот за инфекција од болести кои може да се спречат со вакцини е зголемен поради тоа што родителите одбиваат да ги вакцинираат своите деца.