Американскиот сенатор од редовите на Републиканската партија, Ранд Пол денеска соопшти дека за време на недоманешната посета на Москва на руските власти им предал писмо од претседателот на САД, Доналд Трамп.
– Чест ми е што на администрацијата на (рускиот) претседател Владимир Путин и го врачив писмото на претседателот Трамп. Писмото го нагласува значењето на натамошното ангажирање на различни полиња, вклучително и во борбата против тероризмот, унапредувањето на закондавниот дијалог и продолжување на културната размена – објави Пол на Твитер.
Сенатарот натаму во објавата нагласува дека цел на неговата посета на Москва било „да ја охрабри дипломатијата во смирувањето на тензиите во односите“ меѓу САД и Русија.
Пол во понеделникот Москва имаше средба со претставници на рускиот Парламент.
Белата куќа засега не ги коментираше тврдењата на Пол дека доставил писмо од Трамп за Кремљ.