Палестинци со автомобил влетале во израелски војници во окупираниот Западен Брег. Напаѓачите по нападот биле застрелани. Во инцидентот, повреден е израелски офицер, пренесува „Ројтерс“.
Нападот се случил на оддалеченост од десет километри од палестинскиот град Рамала.
Многу палестинци, за кои не се знае за нивната поврзаност со милитантски групи, во 2015 и 2016 година изведоа неколку вакви напади со автомобили, но нивниот број постојано спласна со текот на времето.