Авганистанката Соман Нори (26) роди здраво девојче за време на летот за евакуација од Авганистан на „Туркиш ерлајнс“.
Турската национална авиокомпанија синоќа соопшти дека Соман Нори се породила на надморска височина од 10.000 метри во воздушниот простор на Кувајт.
Кабинскиот екипаж кој помогна во породувањето го нарече девојчето Хавва. Со овој лет биле евакуирани Авганистанците кои работеле за Велика Британија.
Откако трудницата почувствувала породилни болки, екипажот помогнал при породувањето во согласност со нивната обука, со оглед на тоа што во авионот немало доктор.
По слетувањето во Кувајт, како мерка на претпазливост, авионот го продолжил патувањето за Бирмингем, Англија, а во него биле и бебето и неговото семејство, јавува агенцијата „Анадолија“.